Играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал, сака да го напушти тимот, откако беше незадоволен од својата позиција во првиот дел од сезоната. Сепак, според информациите од Каталонија, тренерот на клубот
Ернесто Валверде нема да му дозволи на играчот да замине барем не до крајот на оваа сезона.
Валверде е подготвен да ја зголеми минутажата која ќе му ја даде на Чилеанецот во продолжението на сезоната. Видал, пак, сака да се врати во Италија, каде се зборува дека ќе добие понуда од италијански Интер.

