Атлетико Мадрид постигна договор со Единсон Кавани. Уругвајскиот напаѓач кој го завршува договорот со ПСЖ ова лето веќе одлучи да си замине од Париз, а следна дестинација ќе биде Шпанија.
Во јануари тој ќе може да преговара со кој било клуб, а очигледно тоа е веќе направено. Напаѓачот постигнал договор за соработка од три години. Лично, тренерот на „јорганзџиите“ Диего Симеоне го посака напаѓачот во својот тим, истакнувајќи дека тој е големо засилување какво што му треба на Атлетико во моментов.
Уругваецот претходно беше поврзуван со ЛА Галакси како евентуална замена за Златан Ибрахимовиќ.

