Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека неговиот тим ќе се жали за црвениот картон на Сон по невнимателнито старт врз Рудигер на дербито со Челзи одиграно во изминатиот викенд. Интернационалецот од Кореја заработи експресно суспензија од три меча.
„Се надевам дека Сон нема да го казните пет пати. Првата санкција беше фаулот , втората е исклучувањето. Третата ќе биде што нема да игра против Брајтон. Четвртата што ќе го немам за гостувањето кај Норвич, ако го прескокне и Саутемптон, тоа би било петтата казна“ – потенцираше Португалецот.
„Господинот во ВАР собата виде се погрешно. Немојте да го уништуваме најдоброто првенство во светот“ – вели тренерот на Тотенхем.