Новиот тренер на фудбалерите на Арсенал, Микаел Артета, се соочува со големи проблеми кога станува збор за играчкиот ростер. Шпанецот на деби мечот против Бурнмаут закажан в четврток во Лондон, ќе ги нема на располагање поголем број од стандардните првотимци.
Дел од нив се повредени , дел се санкционирани. Според најавите, Колашинац и Тирнеј се повредени и сигурно нема да настапат. Под знак прашалник се: Белерин, Холдинг и Мартинели.
Прогонзите велат дека Себаљос дефинитивно отпадна од комбинација додека Чемберс ја исполни нормата за жолти картони и ќе мора да паузира на еден меч.
