Германскиот второлигаш Штутгарт го отпушти тренерот Тим Волтер. Како причина за разделбата со 44-годишниот специјалист, управата наведе дека не се исполнети целите за развој на клубот.
Резултатите од Штутгарт во Втората Бундес лига не се лоши. Тимот се наоѓа на третото место со 31 бод по одигрувањето во првите 18 кола, заостанувајќи само 3 бода зад лидерот Арминија и има реална шанса да се врати во елитата.
“Многу е жално што толку уживав во работата во Штутгарт. Во последните неколку месеци ја вложив целата своја душа и енергија. Му посакувам успех на клубот во иднина”, коментира изненадениот Волтер, чиј договор беше до крајот на сезоната 2020/2021.