Пол Погба би можел да се врати во Јувентус во јануари за 60 милиони евра во кеш плус Емре Џан кој би заминал во Манчестер Јунајтед, тврди весникот „Тутопорт“.
Гласините за потенцијален кам-бек на Погба во Торино се актуелни подолг период, но засега нема сигурни најави дека такво нешто може да се реализира. Погба е познато дека сака да си замине од Манчестер Ј., но познато е дека и Оле Гунар Солскјер не сака да го продаде на среде сезона.
Според весникот „Тутопорт“, Јуве би можел да го врати Погба уште во јануари, наместо да чека до лето, затоа што Реал и ПСЖ веројатно нема да притискаат за неговиот потпис оваа зима.

