Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Градот Скопје ги прогласи најдобрите за 2019-тата
    Домашен микс

    Градот Скопје ги прогласи најдобрите за 2019-тата

    sasoBy saso24/12/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Градот Скопје денеска на посебна свеченост ги врачи наградите за најуспешните спортисти од метрополата за 2019 година. Наградите беа доделени според одлуките на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје.

    Наградата за најдобар спортист на Скопје за 2019-та отиде во рацете на Стојанче Стоилов, ракометарот и капитен на РК Вардар, актуелен европски шампион. Во изборот на петте најдобри се најдоа и борачите Могамедгаџи Нуров и Елмедин Сејфулахи, пливачот Евгениј Поп Ацев и каратистот Петар Заборски.

    Најдобра спортистка на Скопје за 2019-та е прогласена Сара Радичевска од Карате клубот „Макпетрол“, која го освои сребрениот медал на Европските Универзитетски Игри.

    Бесир Алили од боречкиот клуб Лирија е најдобар младинец, додека најталентирана младинка/кадет е тенисерката Александра Симева. Наградата за најдобар тренер отиде кај Суфијан Исмаили, тренер во боречкиот клуб Лирија, ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс ја доби наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар и оваа година е најдобриот спортски колектив од метрополата.

    Во изборот најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби признанието му припадна на Марио Мицковски од Специјална Олимпијада за освоено прво место во пливање – 50 м. слободен стил и прво место во пливање – 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.