Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, нагласи дека реакцијата на Антонио Рудигер по дуелот со Сон кога играчот на Тотенхем доби црвен картон, била инстинктивна и дека тоа дефинитивно не било глума.
„Не беше брутално, но, беше инстинктивно и тоа се казнува со црвен картон во модерниот фудбал“ – потенцираше тренерот на „сините“ кој не сакаше јавно да ги коментира наводните расистички навреди од трибините упатени кон неговиот фудбалер.
„Ќе разговарам со него кога ќе видам што точно се случи. Јас го поддржувам како и сите други играчи кои ќе се најдат во слична ситуација“ – нагласи Лампард.

