Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, планира неколку атрактивни засилувања во текот на јануарскиот трансфер период за да може неговиот тим да остане конкурентен во трката за титулата во Серија „А“.
„Нероаѕурите“ и Јувентус со досегашниот ефект се наметнаа како главни кандидати за освојување на Скудетото. Италијанските медиуми наведуваат дека искусниот стратег посакува најмалку три нови играчи. Во преден план се левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, за кого треба да си издвоја најмалку 40 милиони евра како и играчот на Барса, Артуро Видал, кој има трансферна цена од околу 20 милиони.
Се шпекулира дека на списокот за засилувања е ставен и младиот Габигол од бразилскиот состав, Фламенго.

