Напаѓачот Патрик Кутроне наскоро може да се врати во Серија А, каде се очекува да го облече дресот на Фиорентина, пишува „Тутоспорт“.
Овој фудбалер се пресели од Милан во англискиот Вулверхемптон за 18 милиони евра во текот на летото, но не успеа да се етаблира во стартниот состав на екипата. Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде отпатувал за Англија за да преговара со управата на „Волците“, при што „виолетовите“ вршат притисок да го ангажираат 21-годишниот напаѓач до лето на позајмица со опција за купување.
Интерес за потписот на Кутроне покажува уште еден тим од Италија, Торино.