Играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира е близу до трансфер во Наполи, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Според публикацијата, 23-годишниот Уругваец е главната мета на тимот од Неапол. Дефанзивецот на лондончани, Сеад Колашинац исто така може да биде вклучен во договорот.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и тренерот Џенаро Гатузо веќе испланирале стратегија за да ги убедат Британците да го ослободат Лукас Тореира. Оваа сезона Тореира одигра 15 натпревари во Премиер лигата во кои постигна еден гол.

