Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, разговараше со медиумите пред гостувањето во 19-то коло од Премиер лигата против Бурнемаут.
Неодамнешниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити го сподели она што го очекува од неговите играчи. Средбата ќе се одигра на 26 декември.
„Сакам играчите да се чувствуваат одговорни, да излезат на теренот со агресија и страст затоа што тие го претставуваат нивниот клуб. Ова е нај основното нешто што ќе го барам од нив”, рече Микел Артета.
Арсенал до овој момент има освоено 23 поени е се наоѓа на 11-то место на табелата во Премиерлигата.