РБ Лајпциг е најефикасниот состав во фудбалската Бундес лига по првиот дел од сезоната со 48 голови на 17 средби.
Тимот од поранешната Источна Германија кој е лидер во домашниот шампионат, успеа да направи серија од осум мечеви на кои забележа најмалку 24 голови со што стана еден од најдобрите тимови во Бундес лигата гледано само во тој сегмент.
Лајпциг серијата ја започна со убедливите 8-0 против Мајнц, потоа следеа мечевите со Херта и Келн кога постигна по четири голови а серијата со три гола во мрежата на противникот, продолжи на натпреварите против: Падерборн, Хофенхајм, Борусија Дортмунд, Фортуна Диселдорф и Аугсбург.

