Европската куќа на фудбалот ги казни Црвена Ѕвезда , Олимпија од Љубљана и Ордабаси од Казахстан поради непочитување на правилата и условите за финансискиот фер-плеј.
Казните им се изречени бидејќи не успеале навреме да ги подмират сите заостанати долгови. Тимот од Белград ќе треба да издвои 50.000 евра бидејќи ги има исплатено долговите, но, го пробил крајниот рок. Словенечкиот состав Олимпија ќе треба да уплати на сметката на УЕФА 75.000 евра додека Ордабаси ќе треба да плати 100.000 евра.
Тимот од Казахстан може да биде дури и сфрлен од натпреварувањата на УЕФА во наредните две години доколку до 31. јануари не докаже дека ги подмирил сите заостанати долгови.