Челзи ќе се обиде да го купи напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер во текот на јануарскиот преоден рок, објави „Дејли експрес“.
Претходно беше објавено дека менаџерот на тимот, Френк Лампард, ќе добие повеќе од 150 милиони евра за зимски трансфери. Скаутите на англискиот клуб веќе го гледаа германскиот напаѓач во натпреварот од 6.коло од Лигата на шампионите меѓу Олимпик Лион и РБ Лајпциг. Ливерпул и Манчестер Јунајтед го следат исто така овој фудбалер.
Од Лајпциг се подготвуваат за продажба на Вернер и се заинтересирани за напаѓачот на РБ Салцбург Ерлинг Холанд, чие обештетување е 20 милиони евра според договорот. Тимо Вернер учествуваше на 17 натпревари оваа сезона во Германското првенство. Напаѓачот на Германија постигна 18 голови и 6 асистенции.