Сите сме сведоци дека најдобро платените фудбалери настапуваат во Топ 4 Европските шампионати. Поточно, неспорен лидер во Италија е ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој заработува 31 милиони евра годишно.
И додека Португалецот и неговите колеги во Јувентус, Интер и Милан прават милиони, дефанзивецот на Торино, Вилфред Синго, кој досега одигра три натпревари оваа сезона, заработува „само“ 30.000 евра годишно или 2.500 евра месечно. Ова е нај ниско платениот играч во Серија А.
Синго учествуваше на натпреварите на Торино со Дебрецен и Солигорск во Лига Европа, одигра вкупно 19 минути. Тој е сеуште млад, роден е 2000 година, го нема направено своето деби за Торино во Калчото.

