Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој се соочува со повреда, нема да се појави на теренот и во почетокот на новата календарска година, најавија денеска дел од медиумите на Пиринеите.
Според напишаното, Белгиецот сигурно нема да игра против Гетафе на 4 јануари а веднаш потоа ќе го пропушти и Супер-купот на Шпанија кој ќе се реализира во Саудиска Арабија. Противник на „кралевите“ на 8 јануари во првото полу-финале ќе им биде Валенсија додека во второто ќе се сретнат Барселона и Атлетико Мадрид.
Азар иако успешно го поминува процесот на рехабилитација, најверојатно ќе се врати на фудбалскиот терен некаде кон крајот на наредниот месец или во почетокот на февруари.

