Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Антоан Гризман, имаше само пофални зборови за клупскиот колега, Лео Меси и за неговиот поранешен тренер во Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
„Зборуваме за тип на фудбалер што можеби никогаш повеќе нема да го има на терените. Неверојатно е што може да стори со топката и мило ми е што имам можност да играм со него“ – вели францускиот интернационалец.
„Диего Симеоне е навистина одличен тренер а неговиот тим секогаш делува успешно. Сите во Атлетико стојат позади него и ги почитуват неговите одлуки“ – нагласи Гризман..

