Тенисерката од Австралија, Ешли Барти, која ќе ја заврши годинава на првото место на ВТА ранг листата, изјави, дека сака да биде запаметена по нејзиниот борбен дух кој го прикажува на терените.
„Сите ние од Австралија сакаме да се докажеме како борци. Сакам по завршувањето на кариерата да останам запаметена како личност која ја почитувале ривалите и која даде сè на теренот и никогаш не се откажа“ – вели Барти.
„Мојот тренер Тизер се обидува едноставно, прецизно и конкретно да ми објасни што треба да се направи. Тој врши одлична работа“ – вели најдобрата тенисерка на светов.

