Главниот тренер на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, потенцира дека неговиот тим нема да купува нови играчи во текот на јануарскиот трансфер период.
„Имаме проект и визија. Знам дека на пазарот ќе реагираме само ако некој си замине. Јасно ми е дека никогаш нема да бидеме кралеви на пазарот и дека нема да се бориме со богатите клубови“- вели Мурињо.
„Ни треба повеќе време за да напредуваме. Задоволен сум од тоа што го имам на теренот. Мислам дека добро ги познавам квалитетите на моите играчи“ – заврши Специјалниот.