Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој ги брани боите на Леванте, може да добие понуда да се пресели во екипата на Реал Сосиедат.
Според весникот –„АС“, тимот од Сан Себастијан сака да го ангажира нашиот интернационалец уште во зимскиот преоден рок, но, со тоа не се согласуваат челниците на Леванте.
Интересно е тоа што Барди кој а реализира третата сезона во Ла Лига и има активен договор до јуни во 2022 година, во тековниот шампионат постигна два гола од кој еден во мрежата на Реал Сосиедат.

