Екипата на Еспањол, го објави името на својот нов тренер. Тоа е Абелардо Фернандез, кој ќе го предводи тимот барем до крајот на сезоната.
Тој е трет тренер на шпанскиот клуб оваа сезона. На 23 декември Еспањол го отпуштија Пабло Мачин, назначен во октомври да го замени Давид Гајего.
Фернандез (49) го предводеше Алавес во 2017-2019 година, но си замина сам на крајот на минатата сезона. Тој е и поранешен тренер на Спортинг Хихон.
Како фудбалер играше за екипите на Барселона, Алавес и Спортинг Хихон. Во моментов Еспањол е последен во шпанската Примера со само 10 бода. До местото за опстанок го делат 5 поени.

