Менаџерот на англискиот шампион, Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е реален и свесен дека по поразот од Вулверхемптон (3:2) шансите на тимот да стане шампион се сведени на нула.
„Тешко беше да се игра 80 минути со човек помалку. На ова ниво, ваквите фактори се клучни. Натпреварот беше многу тежок и не бевме во можност да се одбраниме доволно добро. Треба да размислиме за следниот натпревар и како да победиме. Нереално е да се мисли дека можеме да се израмниме со Ливерпул. Постојано ми го поставуваат ова прашање, но мојот одговор е секогаш ист“, вели Пеп.