31-годишниот играч од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ не сака да го смени својот клуб за време на зимската пауза.
“Најважното прашање е дали можам да играм во Барселона. Ако е тоа да, тогаш Барселона е најдоброто место за мене. Ќе видиме што ќе се случува. Јас сум тука пет и пол години. Поминав најважни денови од мојата кариера во Барселона, но убеден сум дека најдоброто допрва треба да дојде“, рече Ракитиќ.
Сепак, хрватскиот репрезентативец признава дека сè е можно во фудбалот.

