Британскиот тенисер, Енди Мареј, не успеа да ја санира повредата и затоа се определи да го откаже настапот на првиот Грен слем во 2020 година кој ќе се оддржи на терените во Мелбурн во Австралија.
„Нема да можам да настап на АТП-купот како и на Австралија Опен во јануари 2020 година. Работев напорно, дадов се од себе за да влезам во топ-форма, но, за жал нема да можам да играм во почетокот на новата година“ – објави Мареј.
Според најавите, Мареј најверојатно ќе се врати на тениските терени во почетокот на февруари со настапот на турнирот во Монпелје во Франција. Ќе потсетиме дека „Австралија Опен“ ќе се реалзира во терминот од 20 јануари до 3 февруари во Мелбурн.