„Франс Фудбал“ го објави на „Твитер“ својот избор за најдобриот или идеалниот тим од изминатата деценија.
Главниот критериум за избор на играчи беше влегувањето во првите десет кандидати за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – Златната топка, чиј доделувач е токму „Франс Фудбал“.
Во тимот се најдоа следниве играчи:
Икер Касиљас (играше за Реал Мадрид, сега за Порто), Филип Лам (играше за Баерн), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ (сите од Реал Мадрид), Хави Ернандез, Андрес Иниеста (обајцата играа за Барселона), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (играше за Реал Мадрид, сега за Јувентус), Нејмар (играше за Барселона, сега за ПСЖ).