Поранешниот италијански репрезентативец Џузепе Роси повторно остана без клуб, откако беше објавено дека ќе биде ослободен од шпанскиот Виљареал.
32-годишниот фудбалер не играше на официјален натпревар од мај 2018 година и се врати во Виљареал без договор во октомври, со надеж дека ќе работи напорно за да обезбеди договор, но тоа нема да се случи, пишува весникот „АС“.
За осум години, Роси имаше пет тешки повреди, поради што секој клуб не беше подготвен да смета на него и покрај тврдењата дека е целосно опоравен и здрав.