Лидерот на табелата во италијанскиот фудбалски шампионат, Интер ќе се обиде да го привлече капитенот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг, пренесува британскиот весник „Мирор“.
Во ноември, 30-годишниот Обамејанг ги прекина разговорите за нов договор, што скоро сигурно ќе ги натера „топџиите“ да го продадат на крајот на сезоната.
Напаѓачот од Габон изрази желба да освојува трофеи и да игра во Лигата на шампионите, за кои моментно се смета за невозможно во Арсенал.

