Пол Погба не заминал со екипата на Манчестер Јунајтед за Лондон, каде „црвените ѓаволи“ вечерва се соочуваат со Арсенал. Французинот се очекува да го пропушти натпреварот.
Тој се врати на терените на 22 декември по тримесечно отсуство поради повреда. Погба влезе како резервата против Ватфорд и неколку дена подоцна на натпреварот против Њукасл. Сепак, Солскјер не го вклучи во групата на натпреварот со Барнли.
Францускиот репрезентативец му рече на својот менаџер дека му треба повеќе време за да се опорави. Во саботата, сепак, тој полета за Франција за да ги види своите браќа и да учествува во добротворен натпревар.
Според медиумите во Манчестер Јунајтед, тие се презаситени со испадите на Пол Погба и размислуваат за разделба со него. Тензиите ескалираа уште по изјавите на неговиот агент Мино Рајола, кој рече дека нема да го испрати својот играч на „Олд Трафорд“ бидејќи клубот немал стратегија.