Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, денеска ќе биде подложен на лекарски преглед пред да стави потпис на договор со екипата на Јувентус.
Според извори од Италија, трансферот е потврден, а договорот на играчот со италијанскиот тим ќе биде до 2024 година. Претходно беше објавено дека Јувентус и Аталанта се договорија за трансфер цена од 35 милиони евра плус бонуси.
Во тековната сезона, Кулушевски е на позајмица за Парма. На 17 натпревари одиграни во Серија А, тој постигна четири гола и имаше седум асистенции.

