Одбранбениот играч на Тотенхем, Јан Вертонген, може да ја продолжи кариерата во Италија. По неуспешниот обид минатото лето, екипата на Наполи и натаму е подготвена да му понуди одличен договор на фудбалерот.
Втор клуб кој сериозно е заинтересиран за дефанзивецот е Ајакс, кој се обидува да го врати својот екс-фудбалер, кој пред 7 години беше дел од клубот.
Договорот на 32-годишниот дефанзивец истекува во текот на летото, а сега може да преговара со клубовите кои се подготвени да му понудат договор за следната сезона.

