Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ќе помине извесно време надвор од терените откако доби повреда на првиот меч во новата година. Тој се повреди вчера на гостувањето кај Саутемптон кој неговиот тим го загуби со 1:0.
Кејн го напушти теренот во второто полувреме.
„Никогаш не е добра вест кога зборуваме за повреда. Да, има болки и засега не можам да ви кажам ништо подетално“, изјави Мурињо на пресот по средбата.
„Хари не е машина. Тој треба да има и време за одмор“, додаде тој.
До крајот на неделава ќе биде јасно колку време првиот голгетер на Спарс ќе отсуствува од терените.