Тренерот на фудбалскот состав Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е презадоволен од ангажманот на Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во редовите на гигантот од Милано.
„Добивме фудбалер кој е голем борец и има голема желба да се радува на победите. Додека разговараме рече дека е мирен и дека со нетрпение чека да ни се приклучи во екипата“ – потенцираше Пиоли.
Ќе потсетиме дека 38-годишниот ветеран од Скандинавија во периодот од 2010 до 2012 година успешно го носеше дресот на „росонерите“ и постигна 42 гола.

