Англискиот фудбалски состав Астон Вила ќе направи напор да го ангажира Мичи Батшуаи кој не успеа да се избори за минутажа во редовите на Челзи.
Според објавата на „Скај Спортс“, клубот од Бирмингем се интересира за напаѓачот на „сините“ и најверојатно ќе се обиде да го ангажира како позајмен фудбалер. Интернационалецот од Белгија ќе треба да биде вистинска замена за првиот голгетер на Астон Вила, Весли, кој доживеа потешка повреда на коленото и ќе отсуствува подолг период од терените.
Ќе потсетиме дека Батшуаи претходно настапуваше во Бундес-лигата за Борусија Дортмунд и за шпанската Валенсија,

