Фудбалерот, Јан Вертонген, кој има тековен договор со екипата на Тотенхем до крајот на сезоната, има реални шанси да замине во друг тим.
Според наведеното во медиумите во Англија, челниците на „Спарси“ немаат намера да ја продолжат соработката со искусниот интернационалец од Белгија и ќе му дадат зелено светло да си побара друг состав.
Според непотврдени информации за услугите на Вертонген се заинтересирани холандскиот Ајакс и италијанскиот Наполи. Доколку „копјаниците“ успеат да го обезбедат потписот на Вертонген, тоа ќе значи и негово враќање во шампионатот на Холандија.