Напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек, го одби предлогот за трансфер во Рома, пренесува „Газета дело Спорт“.
Полскиот фудбалер имал предлог да се пресели оваа зима во Рома за да му се остави простор на Златан Ибрахимовиќ. Рома има интерес за тоа, но самиот фудбалер рече дека отпаѓа оваа можност. Рома понуди размена за Пјонтек да го даде Диего Пероти.
Сличен договор договорил и Милан, но Полјакот одбил бидејќи не сакал да биде резерва на Един Џеко на „Олимпико“. Тој избра да остане и да се бори за своето место во „Сан Сиро“, дури и во конкуренција на Златан Ибрахимовиќ.
Пјонтек беше привлечен во Милан во јануари 2019 година од Џенова за 38 милиони евра. На почетокот, тој започна многу добро со „росонерите“, но оваа сезона неговата форма нагло падна, што беше причина клубот итно да бара нов напаѓач и да го врати Ибрахимовиќ.

