Тренерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, призна дека пред пет години имал кратки разговори со челниците на Ливерпул за да седне на клупата на „црвените“ како замена за Брендан Роџерс.
„Тоа беше откако си заминав од Реал Мадрид. Бараа нов менаџер и знам дека направија одличен избор со Јирген кој работи фантастично во Ливерпул.Тие во моментов се во фантастична форма“ – изјави италијанскиот стратег пред утрешното гостување кај Ливерпул во 3 коло во ФА Купот на Англија.
Ќе потсетиме дека Анчелоти откако ја прекина соработката со Наполи експресно се врати во Премиер лигата и седна на кормилото на популарните – „карамели“.