Италијанскиот фудбалски гигант, Интер, е најсериозниот кандидат за да го обезбеди потписот на данскиот интернационалец во редовите на Тотенхем, Кристијан Ериксен, најавија денеска медиумите на „Чизмата“.
Трансферната цена на искусниот играч од средниот ред е околу 30-ет милиони евра. Бидејќи Ериксен има договор со клубот од Лондон до крајот на сезоната, јасно е дека популарните „Спарси“ ќе се обидат да го продадат во текот на зимава за да можат да добијат одредено обештеување.
Во исто време и тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, најавил дека очекува значајно засилување кое треба да пристигне од Премиер-лигата.

