Лондонски Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зиеш, јавуваат англиските медиуми.
Менаџерот на Арсенал Микел Артета се надева дека ќе го привлече овој играч од средниот ред во текот на овој зимски преоден рок. Ајакс е подготвен да се раздели со Мароканецот за 50 милиони евра. Оваа сезона Зиеш има одиграно 28 натпревари во сите натпреварувања, а успеа да постигне 8 гола и 21 асистенција.
Очигледно Артета веќе размислува за одредени засилувања и реконструкција на тимот за следната сезона.