Управата на Манчестер Јунајтед во овој зимски трансфер период сака да ги ангажира напаѓачот на Волверхемптон, Раул Хименез и играчот од средниот ред на оваа екипа Рубен Невес.
„Црвените ѓаволи“ веќе започнаа преговори за купување на двајцата играчи, пренесуваат медиумите во Англија. Трансферната цена на Хименез е проценета на 42 милиони евра. Оваа сезона 28-годишниот Мексиканец постигна 17 гола и имаше 9 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања кои ги играше клубот.
Трансферната цена на Невес е проценета на 50 милиони евра.Во оваа сезона, 22-годишниот Португалец забележа 3 гола и 2 асистенции на 31 средба за својата екипа. Во Манчестер Јунајтед сметаат дека овие играчи може да бидат големо засилување за вториот дел од сезоната, а Манчестер Јунајтед во моментов е на петтото место во англиската Премиер лига.