Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира да го ангажира дефанзивецот на Лестер, Џејмс Медисон, кој пружа одлични партии во тековнава сезона со што го привлече вниманието на големите екипи од Англија.
Според објавеното, Норвежанецот планира да испрати понуда од 45 милиони фунти и во целиот трансфер да го вклучи и Џеси Лингард, кој очигледно не успева да се прилагоди на играта на „црвените ѓаволи“.
„Мирор“ и „Сан“ пренесуваат дека Јунајтед ќе има офанзива за потписот на Медисон во јануарскиот трансфер период.

