Првите луѓе на Манчестер Јунајтед дефинитивно се определиле да го продадат францускиот интернационалец, Пол Погба, објавија медиумите во Англија.
Познато е дека шпанскиот Реал Мадрид и тренерот, Зинедин Зидан, посакуваат Погба да дојде на „Сантијаго Бернабе“ и за таа цел се подготвени да издвојат солидна сума.
Во таква ситуација, „црвените ѓаволи“ сакаат максимално да искористат и затоа покрај паричен надоместок ќе побараат и еден фудбалер на „кралевите“. Во прашање е германскиот интернационалец,Тони Крос.
