Фудбалерите на Џенова доцна синоќа славеа на домашен терен против Сасуоло со 2 спрема 1 благодарение на „чудниот“ гол на нашиот интернационалец, Горан Пандев, постигнат во 86 минута.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Страдавме до самиот крај, но, Бог ни помогна. Мораме да работиме и да ги следиме инструкциите од тренерот“ – вели Пандев.
„Се надеваме дека ќе бидеме подобри. Се обидувам да им помогнам на помладите, сите мора да работиме и да веруваме дека ќе се спасиме. Мораме да останеме заедно“ – потенцира Пандев

