Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез е избран за играч број еден за минатиот месец во „Ла Лига“.
Уругваецот успеа да постигне три погодоци на четири натпревари во лигата во кои неговиот тим забележа две победи и две нерешени средби.
После каталонското дерби со Еспањол, се појави статистика која покажа дека Луис Суарез учествувал како стрелец или асистент при постигнувањето на последните десет гола на Барселона.

