Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг може да продолжи кариера во италијанскиот шампионат. Според извори од Италија, италијанскиот клуб е подготвен да му понуди на Јанг договор до 2021 година.
Нов клуб на искусниот Јанг може да биде Интер, каде Антонио Конте лично сака да го види во својот состав. Јанг има договор со Манчестер Ј. кој завршува во текот на летото, а тој има право да влезе во преговори со други клубови токму сега.
34-годишниот дефанзивец е исто така подготвен да ја прифати понудата на тимот на Интер, велат извори блиски до него.