Екипата на Челси е подготвена да понуди 40 милиони евра, како и услугите на напаѓачот Оливие Жиру за да го добие потписот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
Журу и онака бара нов клуб, откако не е во лановите на Лампард оваа сезона. Првично се сметаше дека тој ќе замине во Серија А, но сега се појавија шпекулации дека напаѓачот преферира да се врати дома.
Според англиското издание на весникот „САН“, Челси упатил понуда до управата на Лион вредна 40 милиони евра, во која влегува и размената со Жиру.