Налутените навивачи на Евертон пристигнале денес во базата на клубот и побараале средба со играчите, откако го загубија мечот од 3 коло во ФА Купот против Ливерпул.
На оваа средба „црвените“ играа со комбиниран состав, но сепак постигнаа победа со резултат 1:0. Според одредени извори, навивачите не дошле до контакт со играчите, но до нив дошол Марсел Брандс, спортскиот директор на клубот. Состанок во Евертон ќе се одржи следната недела, каде што Брандс, главниот тренер Карло Анчелоти и сопственикот на клубот Фархад Мошири ќе одговорат на прашањата од акционерите.
Евертон со 25 бода го зазема 11-то место на табелата во англиската Премиер лига. Клубот е со шест бода зад оние кои се борат за излез во Европа и пет бода пред зоната за испаѓање.

