Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одби да зборува за продолжување на договорот со клубот, по убедливата победа во четвртфиналниот натпревар од Лига Купот на Франција против Сент Етијен (6:1).
На оваа средба Мбапе успеа да постигне 1 гол, но имаше и две асистенции за головите на мауро Икарди.
„Засега сакам да играм фудбал и да се фокусирам на сезоната. Клубот е во мирна, стабилна состојба. Сега не е време да разговараме за продолжување на договорот“, изјави Мбапе за весникот „ Л’Екип“.
Претходно беше објавено дека Реал е заинтересиран за услугите на Мбапе. Договорот на францускиот напаѓач со ПСЖ е со важност до 2022 година.
Мбапе потекнува од школата на Монако, а од 2017 година игра на ПСЖ. Во тековната сезона на францускиот шампионат Мбапе одигра 12 натпревари, во кои постигна 11 голови и направи 4 асистенции.