Првите луѓе на Вест Хем и на Бенфика постигнале договор за трансфер на младиот Жедсон Фернандеш, кој беше и на радарот на Челзи.
Младиот португалски фудбалер ќе се пресели во Лондон на 18-месечна позајмица со задолжителен откуп за 33 милиони фунти. Интересно е тоа што Челзи испрати подобра понуда за позајмица и право на откуп за 55 милиони, но, тоа било условено фудбалерот да одигра 50% од натпреварите за клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Фернандеш треба утре да пристигне во Лондон за да ги направи лекарски прегледи. Веднаш потоа се очекува да потпише за Вест Хем.

