Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, може да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, најавија медиумите во Англија.
Наводно, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, е подготвен да плати околу 50 милиони фунти за да го ангажира играчот на португалскиот состав.
Се очекува трансферот да се случи во наредните денови а Бруно Фернандеш да потпише договор до 2025 година. Напаѓачот во тековнава сезона одигра 14 натпревари за Спортинг Лисабон.

